Нови инвестиции во фабриката за акумулатори

Bez autora
Mar 25 2013

Од јуни минатата година дојде до промена на сопственичката структура во пробиштипската фабрика за акумулатори „Весна САП“. Товарна акумулаторски батерии (ТАБ) од словенечкото гратче Межице, купи 85 проценти од уделите со што стана доминантен сопственик. Новиот сопственик ги задржа на работа сите вработени, а во обнова на старата и во инсталирање нова опрема, процес кој траеше четири месеци, кога фабриката не работеше, новиот инвеститор вложи два милиони евра, и сега таа работи под името ТАБ МАК. Гојко Цесар, генерален директор на фабриката, вели дека тие се дојдени во Пробиштип со намера да останат долги години, да вложуваат во нови технологии и да го зголемат производството за дури шестпати повеќе од сегашното. „Фабриката во Пробиштип под покриен простор има 48.000 квадратни метри од кои се користат само една третина. Тоа е голем потенцијал за реализација на нашите идеи, да се зголеми петкратно производството на акумулатори.

Нови инвестиции во фабриката за акумулаториОд јуни минатата година дојде до промена на сопственичката структура во пробиштипската фабрика за акумулатори „Весна САП“.

Товарна акумулаторски батерии (ТАБ) од словенечкото гратче Межице, купи 85 проценти од уделите со што стана доминантен сопственик. Новиот сопственик ги задржа на работа сите вработени, а во обнова на старата и во инсталирање нова опрема, процес кој траеше четири месеци, кога фабриката не работеше, новиот инвеститор вложи два милиони евра, и сега таа работи под името ТАБ МАК.

Гојко Цесар, генерален директор на фабриката, вели дека тие се дојдени во Пробиштип со намера да останат долги години, да вложуваат во нови технологии и да го зголемат производството за дури шестпати повеќе од сегашното. „Фабриката во Пробиштип под покриен простор има 48.000 квадратни метри од кои се користат само една третина. Тоа е голем потенцијал за реализација на нашите идеи, да се зголеми петкратно производството на акумулатори. Веќе воведуваме и нови марки на производи кои ќе се пласираат на нови пазари на кои стануваме се' поконкурентни. Пробиштип е град со долга традиција во оваа стопанска гранка и од тој аспект ние тука го најдовме она што ни беше потребно за на европскиот пазар да понудиме квалитетни производи. Наша цел е оваа фабрика да го зголемува својот капацитет како што е тоа во трите фабрики во Словенија каде што работат 500 работници“, вели Цесар.

Новиот сопственик планира за најмногу две години да бидат оспособени уште две поголеми хали за проширување на производството.

„Со производството стартувавме во декември минатата година. Според нашите развојни планови, до септември годинава ќе инвестираме уште шест милиони евра со намера да дојдеме до позиција сите компоненти кои ни се потребни во процесот на производството да ги произведуваме во фабриката. Конечната цел на овие вложувања е производството од 200.000 батерии, кое го имаше ’Весна САП‘ да го зголемиме на 600.000 веќе идната година. Конечната цел е годишно да произведуваме околу еден милион акумулатори“, појаснува Гојко Цесар.

ТАБ остварува годишен промет од 250 милиони евра од продажба на батерии. Компанијата остварува силен развој, вложува големи финансиски средства со намера подготвено да ја пречека новата развојна фаза која ќе дојде за пет до десет години. Во тој проект е вклучена и програмата за производство на акумулатори за автомобили кои во иднина ќе возат на електрична енергија. Во последните десет години ТАБ од Межице стана интернационална компанија која има уште 11 фирми во европските држави. Сите тие се занимаваат со трговска дејност со што пласманот на производството никогаш не бил доведен во прашање. Првиот човек на компанијата во земјава Гојко Цесар е задоволен од соработката со ресорните министерства и со локалната власт во Пробиштип.

„Во моментов во фабриката работат 170 работици, а според стандардите за вакви стопански капацитети, кога ќе стигнеме до производство од еден милион акумулатори, бројот на вработените ќе го зголемиме за десет проценти. Неодамна во фабриката се примени на работа четворица нови, млади инженери“, истакнува Цесар.

Младите заинтересирани за работа во фабриката

На огласот за 14 вработувања во фабриката се јавиле над 400 кандидати. Директорот на фабриката во Пробиштип, Гојко Цесар, вели дека и од овој факт станува сосема јасно дека невработеноста е најголемиот проблем на општина Пробиштип. ТАБ МАК била интересна за младите од овој град поради стабилната деловна клима и редовноста во исплатите на платите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik